ЛОНДОНЕРИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Шеќер во прав
  • 100 грама Шеќер
  • 180 грама Путер
  • 230 грама Ореви
  • 50 милилитри Млеко
  • 50 грама Мармалад
  • 3   Жолчка/ки
  • 300 грама Брашно
  • 3   Белка/ки

 

  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Оревот влегува во сотавот на листопадните дрва, кои растат во висина и до 30 метри. Плодот им е познат на сите, кој е округол, прво зелен, па црн. Во неговата внатрешност се наоѓа костенливата обвивка и јадрото кое е за јадење. Младите листови им се берат во пролет, а плодот на есен. Младите листови би требало веднаш да ги оставиме да се исушат и тоа без превртувње. Логично е дека свежиот лист е поактивен од сувиот, а тие можат да се наберат во јули. Исушените листови мораат да имаат природна боја. Чајот од млади листови од орев, заедно со мед како додаток, се користи за подобрување, зајакнување и чистење на крвта, исто така и за зајакнување на желудникот, за подобро варење на храната, исто така делува и против болки во зглобовите и разни чиреви, гнојни рани, и за обложување при очни воспаленија. Исклучително е корисен кај рахитично заболените коски, крвавење на забните непца. Одличен е и за општата слабост на организмот. Помага и против кожни мозолчиња, лишеви на брадата, красти на главата, гнојни осипи и прекумерно потење на нозете. Од несозреаните плодови или само од зелената школка со додаток на мед, се прави сируп кој исто така помага против сите предходно споменати нарушувања и заболувања.

ПОДГОТОВКА:

Путерот исецкан на коцкички помешајте го со шеќерот, брашното и
жолчките. Семсата ќе биде неповрзана, па треба да додавате (лажичка по
лажичка) млеко додека да може да се замеша тесто. Ова тесто се меси со
раце и штом се поврзува во тестото, треба да се растегне и д се стави во
пех. Полесно ќе се растегне ако отстои половина час во фрижидер. Печете
го на температура од 150 степени 30 минути. Потоа извадете го од
печката и премашкајте со мармалад од кајсии.



Цврсто вмешајте го снегот од белките и прав шеќерот, додадете ги оревите
и сè премачкајте преку тестото. Посипете со крупни исецканите ореви или
бадеми, па ставете во печка. Печете 15 минути на 100 степени, а потоа
зголемете ја температурата на 150 степени и печете уште 15 минути.
Исечете го колачот додека е топол.


✣Василопита✣
 
Состојки:
 
1 300 гр. брашноvaSILOPITA.jpg
1 1/2  филџан растопен путер или маргарин
1 1/2  филџан шеќер
1 1/2  филџан млеко
8 јајца
3 кесички сув квасец
кора од еден лимон 
кора од два портокали
сок  од еден до два портокали
една мала лажичка сол 
малку потпечени бадеми
шеќер во прав

 

 
Начин на подготовка:
Во голем сад ставете го брашното, квасецот, кората од лимонот, портокалите и солта. Измешајте ги состојките. Потоа додадете ги стопениот путер, изматените јајца и малку од сокот од портокали. Измешајте ги состојките и започнете да го месите тестото. Ако тестото е премногу суво можете да додадете малку од сокот од портокали. Кога тестото ќе стане меко и еластично, ставете го пак во истиот сад, покријте го со чиста прекривка, и со уште една, подебела прекривка и оставете го на топло место да нарасне 2 - 3 часа. Од време - навреме надгледувајте дали тестото го зголемило својот волумен два пати повеќе. Кога тестото доволно ќе нарасне, месете го уште неколку минути и ставете го во намастена тркалезна тепсија. Тепсијата треба да биде малку поголема од тестото, за да има простор тестото да нарасне, а да не прелее преку краевите на садот. Немојте да заборавите да ставите во питата завиткана паричка во алуминиумска фолија. Кога по втор пат тестото ќе нарасне во тепсијата, можете да го украсите со бадеми.Нараснатото тесто премачкајте го со изматено јајце и печете ја питата на 180 степени околу 1 час. Откако питата ќе се испече, оставете ја да се олади и попрскајте ја со шеќер во прав.
 

Традицијата се обновува. Битолчанчината беа во посета на дедо Петар со импровизираната Витлеемска пештера, ја пееја песничката Вечниот Бог. Со оваа песничка  кај дедо Петар и  низ градот ја најавуваа радосната вест за Раѓањето на Исус


Мерак , мерак ми е роден граду мој да пеам, пишувам за тебе, граду на манастирите. Мерак ми е да ја гледам твојата убавина, твојата вера, затоа што МОЈ град се сите битолчани, токму нив ги сакам, тие се мој град, мои пријатели, комшии, семејство, одве раснам, овде создавам, учам и живеам.  Мерак ми е Битола , мерак ми е !!!

 

ОУ Свети Кирил и Методиј од Битола секогаш си го прославува патронатот. Со мерак и љубов беше прославен и во 2013

 


Kostenlose Homepage von Beepworld
 
Verantwortlich für den Inhalt dieser Seite ist ausschließlich der
Autor dieser Homepage, kontaktierbar über dieses Formular!